Возот ТГВ што го поврзува Стразбур со Париз излета од шините изутринава во 7:30 часот, во близина на Ингенхајм во Долна Рајна, десет лица се повредени меѓу кои и машиновозачот, јави дописникот на МИА.

Возот не излезе целосно од шините, туку само првите четири вагони. Според жандармеријата, 10 лица се повредени, вклучувајќи го и возачот, кој е со посериозни повреди.

СНЦФ – државната железница, им соопшти на патниците дека несреќата се должи на слегнување на насипот во кој удри возот. Компанијата потврдува за Франсинфо дека според првите елементи, предниот погон на ТГВ удрил нешто.

Тоа е редок настан, велат од компанијата.

СНЦФ гарантира дека нема прекин на сообраќајот на ТГВ, само неколку одложувања. Всушност, возовите се пренасочуваат кон класичната линија.

Возот ТГВ се движи по специјално изградена пруга со просечна брзина од околу 300 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.