Најновиот биланс на жртви на тајфунот „Раи“ на Филипините вели дека најмалку 375 луѓе загинале, повеќе од 500 се повредени, а 56 се водат како исчезнати. Околу 380.000 луѓе ги напуштиле своите домови поради невремето кое го погоди архипелагот во четвртокот. Преживеаните се соочуваат со сериозен недостаток на залихи од вода и храна.
Тајфунот корнеше покриви и дрвја, уништи огромен број куќи и поплави неколку населби и села.
Во голем дел од Филипините нема струја и вода, а полицијата, војската, пожарникарите и крајбрежната стража се на терен, каде што делат храна, вода и им помагаат на повредените.
Граѓаните изразуваат незадоволство поради тоа што ниту еден политичар не се појавил и не се обидел да помогне.
„Раи“ ги погоди Филипините при крај на сезоната на тајфуните – повеќето циклони се развиваат помеѓу јули и октомври.
Научниците долго време предупредуваат дека тајфуните стануваат се помоќни и се зајакнуваат побрзо, бидејќи светот станува потопол поради климатските промени предизвикани од луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.