Со мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 бројот на починати во Велика Британија би можел да биде меѓу 7.000 и нешто повеќе од 20.000, изјави Нил Фергусон, професор на Империал колеџ во Лондон и еден од учесниците во формулирањето на одговорот на британската Влада на коронавирусот.

– Имавме крива на зараза која експоненцијално растеше, и која во одреден момент ја прекинавме, изјави овој епидемиолог за телевизијата Би-Би-Си.

– Во моментов не сме во состојба да го мериме бројот на заразени, кои ќе дојдат со тестови на антитела, и затоа правиме статистички проценки, а тука постои одреден степен на неизвесност, додаде тој.

– Мислиме дека бројот (на смртни случаи) може да се движи од околу 7.000 до нешто повеќе од 20.000, рече Фергусон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.