Минатата недела беа пријавени повеќе од 5,5 милиони случаи на коронавирус и повеќе од 90.000 смртни случаи ширум светот. Во споредба со неделата претходно, бројот на заразени и на починати се намалија за четири отсто, според Светската здравствена организација (СЗО).

„Во светски рамки, бројот на нови случаи и смртни случаи од Ковид-19 се намали малку оваа недела: повеќе од 5,5 милиони луѓе се заразени и повеќе од 90.000 починаа“, соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен, додавајќи дека и покрај малиот пад, нивото на инфекција останува високо.

Инфекциите се зголемија во регионот на Југоисточна Азија (за 6 отсто), во кои СЗО ја вклучува и Индија, додека во Европа бројот на нови инфекции е намален за 23 проценти, во Источен Медитеран – за 13 отсто, во Африка – за 5 проценти, во Северна и Јужна Америка – за 4 отсто.

Смртноста значително се зголеми во Западен Пацифик (34 отсто) и Југоисточна Азија (15 отсто), но се намали во Европа (18 проценти), Источен Медитеран (13 проценти), Америка (4 отсто) и Африка. (Со 3 проценти)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.