Според истражувањето спроведено на Универзитетот од Оксфорд, бројот на лица кај кои е забележано згрутчување на крвта откако примиле вакцина против ковид-19 на „Фајзер“ или на „Модерна“ е приближно ист колку на оние кои тромбоза имале после вакцината „Астра зенека“.

Во истражувањето се вели дека кај 4 од еден милион лица по примањето на вакцина од „Фајзер“ или „Модерна“ се јавила тромбоза, додека кај лицата кои се вакцинирале со „Астра зенека“ тој број е 5 од еден милион.

Студијата, исто така, потсетува дека ризикот од згрутчување после вакцинирање од која било вакцина е далеку помал од оној кој го носи заболувањето од ковид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.