Бројот на луѓе во светот коишто ја оздравеле по инфекцијата со корона вирус надмина 90 милиони луѓе.

Според податоците на веб-страницата „Ворлдметерес“, од почетокот на пандемијата, борбата со корона вирусот ја добиле 90.218,000 лица.

Тие податоци покажуваат дека четирите земји со најмногу случаи на инфекција со корона вирус, исто така, забележале и најголем број на оздравени пациенти.

Во САД оздравеле 19.632,523 лица, во Индија 10.775,169, во Бразил 9.386,440, а во Русија 3.811,797. Следува Велика Британија со 2.846,208, Шпанија 2.647,446, Турција 2.565,723, Италија 2.398,352, Германија 2.248,400 и Колумбија со 2.145,450 закрепнати.

Досега заразени со корона вирусот биле вкупно 114.453.166 лица, додека од Ковид-19 починале 2.538,838 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.