Франција денеска го помина прагот од 3.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата со коронавирусот. Во последните 24 часа се забележани 418 нови смртни случаи, најголем број досега за еден ден, јави дописникот на МИА. Досега се регистрирани 3.024 смртни случаи од вирусот.

Бројот на хоспитализирани е скоро 21000  (+1592 повеќе од вчера) со голем број на тешки случаи во реанимација и интензивна нега на која се наоѓаат 5056 пациенти, од кои дури 424 пристигнале во последните 24 часа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.