Над 22 илјади смртни случаи е досгеашниoт биланс на пандемијата на вирусот но и 121 илјада пациeнти кои биле излекувани.

Половина милион луѓе заразени од коронавирус е моментална бројка во светски размери според неофцијалните разултати кои сеуште не се потврдени од Светската здравствена организација. Бројката на заразени расте нагло, од ден во ден, а жаришта се Европа и САД, особено Италија и Шпанија каде што има најголем број на новозаразени и за жал смртни случаи.
Според податоците на сајтот „worldometer“, каде секој час се објавуваат црните статистики од коронавирусот за секој држава во светот посебно, во мометѕов има 500.542 заразени лица.
Најголем број на заразени сеуште се во Кина 81.285 лица но таму бројката веќе бележи сериозно намлување како на заразените така и на смртните случаи.
Во САД и во Италија се регистрирани по 74 илјади случаи а во Шпанија 56 илјади.

Најголем број на заразени во критична состојба има во Италија, Шпанија, Иран и Франција.

Италија е најпогодената држава во светот каде досега се потврдени 7.503 смртни случаи и каде е регистрирана јависоката стапка на смртност од 124 лица на еден милион жители. Во Шпанија досега се евидентирани 4.145 жртви а во Иран 2.234 лица починале како последица на коронавирусот.

Сепак 121.214 лица кои биле заразени од коронавирусот се излекувани, а во моментот во повеќе држави во светот, како и во Македонија, се применува експериментална терапија од антибиотик и лек против маларија која дава добри резултати кај одредени групи пациенти.

Самоизолацијата, миењето раце и избегнувањето на социјалните контакти се засега најдобриот начин за забавување и спречување на ширењето на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.