Откако инспекцискиот тим ја завршил проверката на првиот брод за транспорт на жито што напушти украинско пристаниште под воени услови, пловилото е подготвено да помине низ Босфор и да отпатува до крајната дестинација – Либан, соопшти турското Министерство за одбрана.

Оттаму соопштија дека инспекцискиот тим ја завршил проверката на бродот „Разони“ кој плови под знамето на Сиера Леоне.

Бродот, кој, според Обединетите нации, носи 26.527 тони пченка, го прегледале инспектори од Украина, Русија, Турција и Обединетите Нации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.