Брод на шпанска хуманитарна група со 121 мигрант, кои веќе една недела се заробени во Средоземното Море во очекување на безбедно пристаниште каде ќе застане, побара помош од Шпанија, Франција и Германија.

Екипажот на бродот ,,Опен армс” објави дека испратил писма до владите на овие земји, барајќи од нив да побараат од Европската комисија да најде решение за нивниот проблем. Бродот се наоѓа во близина на италијанскиот остров Лампедуза, а Италија и Малта не дозволуваат тој да вплови во нивните пристаништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.