Брод со 6.000 тони пченица од Украина плови за Албанија. Бродот „Јаохар Раним“ се очекува да пристигне во Драч на 10 август. Се транспортира пченица за компанија за брашно во Тирана.

Ова е првиот брод што пристигнува во Албанија од Украина по руската инвазија на 24 февруари.

Бродот бил натоварен на 28 јули во Измаил, најголемото украинско пристаниште, во Одеската област. Во моментов „Јаохар Раним“ се наоѓа во грчките води на Јонско Море.

Албанија дури 30 отсто од потребите за пченица ги обезбедува од Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.