Брод на Нил е ставен во карантин во Луксор, јужен Египет, откако 12 лица од повеќе од 150 туристи и членови на екипажот се позитивни на новиот коронавирус, а на крузер со 2.000 патници му е забрането да застане во пристаништа во Тајланд и Малезија.

Египетските здравствени власти денеска соопштија дека еден тајванско-американски турист кој бил на бродот бил тестиран позитивно на вирусот по враќањето во Тајван кон крајот на февруари.
Брод на Нил во карантин, на крузер со 2.000 патници му е забрането да се укотви во Тајланд и Малезија. Меѓу патниците има Американци, Французи и Индијци. Во изолација на бродот се 12 лица, а останатите ги чекаат резултатите од анализите. Малезиските власти утрово одбија да му издадат дозвола на патнички брод со околу 2.000 патници и членови на екипажот да се укотви во пристаништето во северната држава Пенанг, поради тоа што меѓу патниците имало 64 Италијанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.