„Бритиш ервејс“ објави дека ги откажала скоро сите летови кон Велика Британија на првиот ден од штрајкот на пилотите.

Немаме друг избор освен да откажеме скоро 100 проценти од летовите“, соопштија од администрацијата на британскиот ерлајнс.

Штрајкот може да погоди десетици илјади патници бидејќи компанијата обезбедува околу 850 летови дневно во Велика Британија, при што повеќето заминуваат од лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик.

„Бритиш ервејс“ се соочува со пилотски ѓтрајк откако минатата недела одби да ги продолжи преговорите со синдикатот „Балпа“.

Пилотите претходно го објавија штрајкот во понеделник и вторник, како и на 27 септември, за несогласувања околу платата.

„Бритиш ервејс“ не е единствената авиокомпанија со која се соочува штрајк од незадоволниот персонал. Ирската Рајанер го најави штрајкот во септември, додека францускиот „Ер Франс“ се соочува со штрајк од 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.