Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го осуди денеска иранскиот ракетен напад врз две бази во Ирак, кои ги користат американските војници и нивните сојузници, повикувајќи го Техеран да се воздржи од натамошни воени акции.

Го повикуваме Иран да не ги повтори овие непромислени и опасни напади и да се посвети на итна деескалација, порача Раб.

Тој нагласи дека евентуална војна во регионот ќе им биде од корист на Исламска држава и другите терористички групи.

Министерството за одбрана во Лондон претходно соопшти дека во нападите нема повредени британски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.