Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изјави дека договорот за климатските промени постигнат на меѓународната конференција за климата во Глазгов е „голем чекор напред“, но додаде дека има „уште многу да се направи“.

Има уште многу да се направи во годините што доаѓаат. Но, денешниот договор е голем чекор напред и она што е важно е дека го имаме првиот меѓународен договор некогаш постигнат за намалување на употребата на јаглен и имаме план да го ограничиме затоплувањето на климата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриската ера – изјави Џонсон.

Претставниците на речиси 200 земји на климатската конференција КОП26 во Глазгов синоќа усвоија договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување. Договорот наречен „Глазговски пакт за климата“ беше усвоен по две недели напорни преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.