Група од 69 албански државјани, осомничени за обид за илегален влез на британска територија, се уапсени кај брегот на Англија.

Како што соопшти тамошната полиција, уапсени се и три члена на екипажот на бродот со кој се превезувале патниците.

Британската агенција за организиран криминал НЦА отвори истрага за шверц на мигранти.

Како што пишуваат медиумите, бродот тргнал кон анлискиот брег од Белгија, а Албанците се уапсени за кршење на британскиот закон за миграција.

Од почетокот на оваа година, 6.200 мигранти се обиделе да стигнат до англискиот брег преку Ламанш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.