Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин го повика премиерот Борис Џонсон веднаш да поднесе оставка.

Врховниот суд на Велика Британија претходно пресуди дека суспендирањето на Парламентот на барање на Борис Џонсон е незаконско.

Највисокиот британски суд во одлуката наведува дека е погрешно да се запре Парламентот да ги извршува своите обврски.

На 28 август, Џонсон ја советуваше кралицата Елизабета Втора да ја суспендира работата на Парламентот, што неговите противници го оценија како потег со кој би се спречило да биде блокирана неговата намера да ја изнесе земјата од ЕУ на 31 октомври, со или без договор.

Сепак, Џонсон рече дека целта на суспензијата е да му се даде време да донесе нова законодавна агенда за Брегзит.

Врховниот суд одржа тридневно сослушување за случајот минатата недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.