Британската Влада денеска ќе ги разгледа ограничувањата за Ковид-19 кои се на сила за да одлучи дали треба да се воведат уште построги мерки во повисоките делови на Англија, откако позаразен мутиран вид на вирусот ја зафати целата земја, најавија британските власти.

Министерот за локална заедница Роберт Џенрик изјави дека правилата веројатно нема да се променат пред Божик, но најави дека владиниот комитет ќе се состане денеска за да одлучи кои мерки треба да се преземат.

Немаме непосреден план за акција за усвојување, но бројот на случаи расте, а новиот вид се шири во другите делови на земјата, така што ќе видиме дали треба да се стори повеќе – изјави британскиот министер за Би-Би-Си.

Новиот вид коронавирус е откриен во Велика Британија, кој се карактеризира со голема моќ на пренесување и предизвика значителна паника низ целиот свет.

Многу европски и други земји одлучија да ги прекинат сите летови со Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.