Британската влада преговара со Украина за продажба на ракети „земја-земја“ и „воздух-земја“, објави лондонски Тајмс.

Според изданието, тоа би бил прв таков договор за оружје за Велика Британија.

Предмет на преговорите се ракетите „Бримстоун“, развиени од британскиот огранок на меѓународниот конзорциум МБДА. Вакви проектили може да се инсталираат на украински воени бродови.

Во написот се вели дека со проектили од тој тип (секој со вредност од 100 илјади фунти) може да бидат вооружени и авиони од военото воздухопловство на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.