Водечките британски телекомуникациски мрежи се согласија автоматски да ги блокираат речиси сите интернет повици кои доаѓаат од странство, а а кои се направени да изгледа како да доаѓаат од Велика Британија.

Британскиот совет за електронски медиуми „Офком“, соопшти дека криминалци користат интернет за да упатуваат повици или пораки кои изгледаат реално и доаѓаат од вистински телефонски број.

Речиси 45 милиони британски потрошувачи ова лето биле цел на вакви телефонски измами.

„Офком“ соопшти дека очекува мерките да бидат воведени со „приоритетна“ брзина.

Досега, еден оператор презеде одредени чекори, додека другите телекомуникациски мрежи сè уште ги истражуваат методите, соопшти регулаторот.

Работевме со телекомуникациски компании за да имплементираме технолошки решенија, вклучително и блокирање на сомнителни меѓународни повици прикриени со британски број – соопшти директорката на Офком, Линдзи Фусел.

Таа додава дека решавањето на телефонските измами е „комплексен проблем“ кој бара координирани напори од полицијата, владата, другите регулатори и индустријата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.