Британскиот Парламент го одобри продолжувањето на итните мерки заради коронавирусот за нови шест месеци и со тоа конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон и овозможи да ги задржи широките овластувања за ограничување на секојдневните активности.

Долниот дом на британскиот Парламент гласаше за продолжување на вонредните овластувања на владата до септември и го одобри планот на извршната власт за постепено олеснување на строгите мерки во следните три месеци.

За продолжување на специјалните овластувања на владата на Џонсон гласаа 484 пратеници, а 76 беа против.

Џонсон меѓутоа се соочува со револт од дел од пратениците на неговата партија кои тврдат дека цената на ограничувањето ќе биде поголема од придобивките што ќе ги донесе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.