Европската комисија има намера да покрене процес против англо-шведскиот произведувач на вакцината против коронавирусот „Астра Зенека“, објави изданието „Политико“ доцна ноќта во средата, повикувајќи се на пет неиуменувани европски дипломати.

На состанокот на амбасадорите на земјите членки на Европската унија во средата, повеќето земји предочиле дека го поддржуваат подигнувањето тужба против компанија, бидејќи не ѝ ги испорачала на Унијата дозите од препаратот против ковид-19 на коишто се обврзала, пишува „Политико“.

Англо-шведската фармацевстска лабораторија која вакцината ја произведе во соработка со Универзитетот Оскфорд, предизвика гнев во ЕУ кога соопшти дека нема да може да ѝ го достави на Унијата бројот дози на којшто прелиминарно се обврзала.

До крајот на првото тримесечје годинава „Астра Зенека“ во ЕУ испорачала 30 милиони дози од вакцината, а не 100 милиони според прелминарната спогодба, правдајќи се со проблеми во производствените погони во Европа.

Компанијата наведува дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал до кога според договорот со ЕУ треба да ги испорача сите 300 милиони дози.

Проблемите со испораките на вакцината на „Астра Зенека“, ЕУ го истакнува како главна причина за многу слабата кампања за имунизација на населението во своите членки, поради што голем број национални влади во 2-те земји се под жестоки критики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.