Не им е лесно само на обичните луѓе кои останаа во Авганистан по заминувањето на Американците. Животот им стана пекол дури и на нарко зависниците.

Талибанците за наркоманите приредиле посебен третман.Ги одвеле во посебен резерват каде 45 дена се изложени на т.н исцелување.

Центарот се вика „IBN Sile“ и таму најпрво им се бричат главите и присилно се тераат да се откажат од дрогата.

Оние кои ќе побараат нова доза веднаш се убивани од страна на Талибанците а останатите се камшикувани. Метадонска терапија добиваат само оние што ќе имаат среќа и милост од страна на стражарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.