Здравствените власти во Англија предупредија во неделата дека во земјата е потврдено присуството на новиот сој на коронавирусот кој првпат беше идентификуван кон крајот на минатата година во Бразил, како и дека постои моженост дека тој не рагира доволно добро на сегашните вакцини против вирусот.

Тестирањата се идентификувале првите шест соеви на бразилската варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2, потврди во неделата вечерта англиската служба за јавно здравство.

Случаите кои предизвикуваат загриженост, првпат индентификувани во Манаус (P.1), регистрирани се во Велика Британија, се наведува во соопштението.

Во двата случаи регистрирани во Англија, станува збор за лица кои допатувале од Бразил. Третото заразено лице не е поврзано со неодамнешни патувања и се истражува историјатот на неговите контакти. Уште три случаи на бразилскиот сој се регистрирани во Шкотска и не се поврзани со случаи во Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.