Локалниот бразилски политичар, Магуито Вилела, бил избран за градоначалник на градот Гоијанија, во централниот дел на земјата, иако тој поголемиот дел од месецот го мина на респиратор во индуцирана кома поради зараза со Ковид-19.

Неговиот случај е само последен пример на големината на пандемијата на корона вирусот во Бразил, земја која го има најголемиот број на смртни случаи во светот, по  САД. Како што наведува бразилското Министерство за здравство, повеќе од 6,3 милиони Бразилци досега биле заразени и речиси 173.000 се починати од Ковид-19.

Вилела, поранешен сенатор од центристичкото Демократско движење, на 20 октомври бил регистриран како позитивен на корона вирусот. Една недела подоцна, тој бил примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло и од 30 октомври е интубиран.

На 8 ноември нему му бил остратнет респираторниот систем, но веќе на 15 ноември бил вратен на машината, кога минал во вториот круг од локалните избори.

Вилела беше избран за градоначалник на Гоијанија, град со околу 1,5 милиона жители во централен Бразил, на 200 километри југозападно од бразилската престолнина. Тој на гласањето доби 52,6 проценти од гласовите.

Заменик градоначалникот на местото, Рожерио Оливеира да Круз, веднаш свика прес-конференција за да се моли за здравјето на градоначалникот.

Сите планови на Магуито ќе бидат спроведени во следните четири години, и тој ќе биде со нас – изјави заменик градоначалникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.