Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, донесе одлука со која државата ќе издвои 356 милиони долари за набавка и производство на потенцијална вакцина против корона вирусот, што ја развиваат компанијата „АстраЗенека“ и истражувачи од универзитетот Оксфорд.

Вршителот на должноста бразилски министер за здравство, генерал Едуардо Паусело, најави дека вакцината би можела да им биде достапна на Бразилците до декември оваа година или јануари 2021 година.

Паусело додаде дека станува збор за вакцина која во светот најмногу ветува во борбата против корона вирусот.

Вакцината е решение да се стави крај на пандемијата – порача Паусело.

Паусело информира дека Бразил првично ќе добие 100 милиони дози, што ќе овозможи вакцинирање на половина од населението на земјата, а потоа ќе почне со производство на вакцината на локално ниво. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.