Германија денеска соопшти дека можеби е потребно да се воведат ограничувања за невакцинираните лица, доколку бројот на заразени во земјата во следните месеци повторно достигне максимум. Шефот на кабинет на германската канцеларка, Хелге Браун, за Bild am Sonntag изјави дека не очекува уште еден локдаун поради коронавирусот во Германија.

Браун кажа дека на невакцинираните лица ќе им биде забрането да влегуваат во ресторани, кина и стадиони, бидејќи ризикот е преголем.

Тој додаде дека „вакцинираните сигурно ќе имаат поголема слобода од невакцинираните“.

Ваквите мерки, како што оцени, би биле законски затоа што „државата има одговорност да го штити здравјето на своите граѓани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.