Стефан Вилотијевиќ припадник на кавчачкиот клан денес попладне е ранет во вооружена престрелка пред познат ресторан во центарот на Виена. Стефан е братучед на познатата балканска ѕвезда Дара Бубамара, пренесува српски Курир.

Во престрелката убиен е Владимир Рогановиќ, член на кавчачкиот клан. Пејачката за српски Курир изјави дека нема никакви информации за ранетиот братучед.

Шокирана сум. Во моментов сум во Париз и не знам ништо, навистина не сум упатена. Ве молам јавете ми доколку дознаете нешто, морам да се напијам вода не ми е добро, изјави Дара Бубамара за српски Курир.

Инаку, Стефан Вилотијевиќ (22) е син на црногорскиот криминалец Кичуна Вилотијевиќ, кој е убиен во 1999 година. Исто така во 2015 година е убиен и неговиот помал брат Филип.

Стефан стана познат на јавноста кога минатата година предизвикуваше полицаец за тепачка. Полицијата во Нови Сад го сопре Стефан во неговото возило за претрес, а тој го навредуваше и предизвикуваше еден од полицајците за да се тепаат.

Вилотијеиќ беше приведен заради сомнение дека е поврзан со убиството на Мирко Миличевиќ, но по 27 дена во притвор е ослободен заради немање докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.