рачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна затвор.

Дејвид и Луиз Терпин се осудени за време на потресното судење на кое дел од нивните деца за првпат проговорија јавно за злоставувањето, јави „АП“.

Една од нивните ќерки, низ солзи рече дека родителите и го одзеле целиот живот, но таа сега ќе го врати и ќе го преземе во своите раце.

Пресудата е донесена една година откако 17-годишната ќерка на Терпин успеала да скокне низ прозорецот од нивниот дом и да ја повика полицијата.

Таа пријави дека дел од нејзините сестри и браќа биле врзувани со ланци за креветите и изгладнувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.