Британскиот премиер Борис Џонсон ги објави мерките за спречување на ширењето на вториот бран на епидемијата со Ковид-19, што би можеле да бидат во сила следните шест месеци.

Меѓу новите мерки се вклучени охрабрување за работа од дома и порано затворање на пабовите и рестораните.

Го задржуваме правото на употреба на поостри мерки, со значително поголеми ограничувања. Построгите мерки ќе можеме да ги избегнеме само ако овие мерки дадат резултати и ако го смениме своето однесување – истакна Џонсон во Парламентот по состанокот со своите министри и лидерите на регионалните влади на Обединетото Кралство.

Мерките, што ќе стапат во сила в четврток, предвидуваат пабовите, баровите и рестораните да се затворат во 22 часот, луѓето кои можат – да работат од дома, а заштитните маски ќе бидат задолжителни на повеќе места отколку досега.

Во меѓувреме училиштата и универзитетите ќе продолжат со работа.

Новите мерки се воведени откако владините советници изјавија дека дневиот број на новозаразени до средината на октомври би можел да се искачи на 50.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.