Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон е на краток приватен одмор во Словенија, потврдија од кабинетот на словенечкиот премиер Роберт Голоб.

Џонсон (58) и неговата сопруга Кери (34) се на меден месец, пренесува СТА. Даунинг стрит не сакаше да објави каде Џонсон оди на одмор оваа недела.

Според словенечките медиуми тој престојува во Језерско.

Џонсон поднесе оставка од функцијата премиер по серијата оставки на британските министри во јули оваа година.

Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај минатата година, две години по нивната свршувачка, а пред една недела, организираа втора прослава со своите пријатели и семејството.
Забавата се одржа во Дејлсфорд Хаус во Котсволдс, имот од 1.500 хектари со луксузна селска куќа , оранжерија, овоштарник во облик на срце, тајна градина и базен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.