На својот профил на Инстаграм, сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон објави дека очекуваат уште едно бебе, како и дека имала спонтан абортус на почетокот на годината, пренесуваат британските медиуми. Џонсон ќе стане татко по седми пат.

Во својата објава на Инстаграм, Кери Џонсон изјави дека очекуваат бебе овој Божиќ, односно „виножито бебе“, што е термин што се користи за дете кое се родило откако мајката абортирала или бебето се родило мртво.

Кери откри и дека имала спонтан абортус на почетокот на годината, што, како што наведува, целосно ја „скршило“.

Се чувствувам неверојатно благословено што сум повторно бремена, но бев ужасно напната и исплашена.

На крајот на април 2020 година, двојката Џонсон имаше син именуван по еден од лекарите кои му го спасија животот на премиерот кога страдаше од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.