Европа мора да извлече поука од корона-кризата и да ја гарантира својата стратешка независност во клучните области како што се производство на лекови, залихи, па дури и преместување на производство, рече шефот на европската дипломатија Жосеп Борел.

Не е нормално Европа да не произведува ниту еден грам парацетамол, а Кина да обезбедува 80 проценти од светското производство на антибиотици. Досега, мислевме дека не е важно каде се произведуваат производите, дека светскиот пазар снабдува сè, во секое време и насекаде, објасни шефот за надворешна политика на ЕУ, додавајќи дека ова се покажало како погрешно во време на криза.

Санитарната криза поврзана со појавата на коронавирусот во Европа ја зголеми побарувачката и предизвика нарушувања на синџирот на снабдување.

Во моментов, 80 проценти од активните супстанции што се користат за лекови во ЕУ доаѓаат од трети земји, особено Индија и Кина, се вели во извештајот за францускиот Сенат за 2018 година од 2018 година.

Не велам дека секој мора да произведува сè, самостојно, но синџирот на снабдување мора да биде пократок и зошто да нема производствени центри во близина. Зошто да не произведуваме дел од нашите потреби во Африка, кој е сè поголем корисник на лекови, предложи тој.

Според Борел пандемијата ја покажа и потребата за стратешко снабдување со медицинска опрема, како што сега постојат стратешки резерви на нафта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.