Шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека не ја поддржува идејата за целосна забрана на Русите да издаваат визи за влез во земјите на ЕУ.

Ова е многу контроверзен предлог. Некои земји веќе презедоа одредени мерки во овој поглед, други нема да го поддржат тоа, мислам дека забраната за влез на сите Руси не е добра идеја. Мора да бидеме поселективни – рече Борел на меѓународна конференција во шпанскиот град Сантандер, а пренесува РИА Новости.

Борел смета дека на најголемите руски бизнисмени не треба да им се дозволи влез во ЕУ, но вели дека „има многу Руси кои сакаат да ја напуштат земјата, кои не се подготвени да се најдат во оваа ситуација“.

Не можеме да им ја затвориме вратата на таквите Руси – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.