Бомбаш-самоубиец е ликвидиран пред влезот на Канцеларијата за издавање на пасоши во Кабул, при што неколку луѓе се повредени.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека напаѓачот бил застрелан при обид да влезе во Канцеларијата за издавање на пасоши.

Изминатите денови голем број Авганистанци се обидуваат да извадат пасоши, откако претходните недели услугата беше суспендирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.