Единица за деактивирање на екплозивни направи од Армијата била итно повикана во Кралската болница во Глостер, Англија, откако докторите интервенирале врз маж во чиј задник имало граната од Втората светска војна.

Полицијата го потврдила случајот за локалните медиуми. За среќа, велат, бомбата не била активна.

„Сан“ пренесува дека пациентот им рекол на докторите дека „се лизнал и паднал“ врз шпицестата граната долга 17, а широка 6 сантиметри. Тој ја пронашол гранатата во гаражата и „само сакал да ја исчисти“, но тогаш „несакајќи“ завршила во неговиот задник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.