Болничар од Мадрид остана без око откако беше нападнат од момче во вагон од метрото. Причина за нападот било тоа што болничарот побарал од момчето да стави маска преку устата, нешто што во Шпанија е задолжително во затворен простор.

На таквото барање од болничарот, момчето одговори со силен удар во неговото лице. Веднаш по нападот, момчето му се обрати на болничарот со зборовите „Дај Боже да умреш“ и го напушти вагонот.

Како што соопштија од полицијата, при ударот, момчето в рака имало некој остар предмет, со кој на болничарот му нанел непоправлива штета на окото.

Истовремено, од полицијата на официјалните профили на социјалните мрежи го обавија видеото, како и фотографии од напаѓачот и побараа помош од граѓаните за негово идентификување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.