Болница во северниот дел на американската држава Њујорк објави дека привремено ќе го прекине породувањето откако шест вработени во родилиштето поднеле оставки, затоа што не сакале да примат вакцина против ковид.

Општата болница во округот Луис, во градот Лувил, објави дека ќе престане со породувањата од 24 септември, објави „Дејли Меил“.

Како што пренесуваат некои медиуми, болницата најавила дека ќе работи со Министерството за здравство за да се осигура дека породилното одделение не е трајно затворено.

„Ако можеме да направиме пауза и да се фокусираме на носење нови акушерки кои се вакцинирани, ќе можеме да породуваме мајки во округот Луис“, рече директорот на болницата Џералд Кајер.

До 27 септември, сите здравствени работници во државата, вклучително и персоналот во болницата и старечкиот дом на кои им е потребна 24 -часовна нега, мора да добијат барем една доза од вакцината, според декретот на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо од август.

Кајер рече дека 30 вработени во болницата ја примиле вакцината, и дека 30 поднеле оставка затоа што не ја сакаат вакцината, од кои шест се од родилиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.