Локалните власти копаат масовни гробови во Боливија заради коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Латиноамериканската држава  регистрираше 35.500 заразени и 1.200 мртви. Иако земјата е помалку погодена од соседните Перу, Чиле и Бразил, во последниве недели бележи пораст на инфекции, што го преоптовари кревливиот здравствен систем во некои области.

Градот Кочабамба, Централна Боливија, е особено тешко  погоден. Властите се принудени да подготват масовни гробови заради зголемена смртност.

Претставник на регионалниот погребен дом коментира дека оние кои починале од природни причини биле погребани, но оние што починале како резултат на коронавирусот сè уште не биле.

„Никој не е погребан“, рече портпаролот, додавајќи дека 135 тела сè уште не биле закопани.

Мештаните се загрижени дека масовните гробови може да предизвикаат нови случаи на инфекција со коронавирус во населби околу гробиштата.

Земјата со население од 11,7 милиони регистрирани први заразени на 10 март. Но, случаите почнаа да се зголемуваат бидејќи властите кренаа некои ограничувања за економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.