Авион Боинг 737-800 принудно слета во градот Сиктивкар во северниот дел од Русија, потврдија локални власти.

Се претпоставува дека причина за слетувањето е дефект на моторот. Авионот, кој превезувал 156 патници и шест членови на екипажот, летал од малиот град Мирни, во сибирскиот регион на Источна Русија кон престолнината Москва.

Засега не се познати точните причини за принудното слетување, но според аеродромските власти моторите на авионот запреле со работа на среде лет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.