Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти дека истрагата утврдила „абење на металот“ на нивниот авион 777, на кого му откажа еден од моторите набрзо по полетувањето во Денвер и препорача привремено приземјување на сите авиони од тој тип.

Истрагата покажала дека една од перките на вентилаторот откажала поради абење на металот.

Боинг соопшти дека 128 авини „Боинг 777“ се приземјени се додека не бидат извршени сите потребни инспекции.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) нареди итна инспекција на авионите „Боинг 777“ откако во саботата, делови од моторот на еден од тие авиони паднаа во близина на станбени згради во Колорадо

Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што авион „Боинг 777-200“ беше принуден да се врати на аеродромот.

Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипажот, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.