Данците се најбогати во Европската унија, додека Романците се најсиромашни, според Централната банка на Данска. Во четвртиот квартал од минатата година, данско домаќинство имало просечно 250.000 евра.

Сепак, лошата вест е дека Данците се исто така меѓу најзадолжените нации во ЕУ. Нивниот просечен долг е 75.300 евра, а само Луксембуржаните се позадолжени од нив – нивниот долг е во просек повеќе од 88.000 евра, пренесува „Кликс.ба“.

Централната банка посочи дека најголемиот дел од богатството е содржано во недвижниот имот во кој живеат, а помалку во самите пари. Нивното просечно нето финансиско богатство е 177.500 евра, што е скоро три пати повеќе од просекот на ЕУ.

Посочено е дека има големи разлики во богатството на самите Данци. Анализата утврди дека нивното богатство пораснало во првиот квартал од оваа година, во просек по 3.200 евра по лице.

По Данците, најбогати се Холанѓаните, Луксембуржаните и Швеѓаните. Најсиромашни се Романците, чии финансиски средства во просек изнесуваат само 10.700 евра, пишува „CNBC“. Хрватска е меѓу најсиромашните, како и Бугарија, Литванија и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.