Суд во Анкара наредил да биде спречен пристап до 136 интернет страници меѓу кои и сајтот на Бианет, независна новинарска мрежа базирана во Истанбул.

Блокирани се не само новинарски интернет портали туку и нивните страници на Фејсбук, Инстаграм, Твитет и Јутјуб, се наведува на страницата на Бианет кон која има пристап вон Турција.

Судската одлука е по барање на Главната команда на жандармеријата. Судот не го информирал Бианет за причината за блокирање на сајтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.