Летовите на португалската авиокомпанија „ТАП Ер“ од аеродромот во Лисабон се одложени или откажани поради штрајк на вработените во компанијата за транспорт на багаж „Гаундфорс“.

Вработените протестираат поради доцнење на платите.

Откажани се речиси стотина летови од и за Лисабон поради 48-часовниот штрајк.

Засега штрајкот не влијае брз работата на аеродромите во другите португалски градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.