Околу 1.500 демонстранти против словачката политика против корона вирусот го блокираа сообраќајот во Братислава, барајќи од владата да го повлече новиот закон со правила за борба со пандемијата.

Демонстрантите блокираа еден од најважните булевари во Братислава, а дел од нив најавија дека ќе останат таму и за време на ноќта и во наредните денови.

Словачкиот парламент во неделата донесе закон со кој на здравствените власти им се дава овластување повторно да воспостават ограничувања за лицата коишто не се целосно вакцинирани во случај повторно да има пораст на стапката на заразени. Тоа значи дека тие без вакцина ќе мора да покажат доказ за негативен тест за да влезат во продавници или да одат на работа.

Таквиот закон ги предизвика демонстрациите на кои се испратија пораки дека владата и претседателот треба да ја вратат власта на народот и дека со законот се воспоставува двоокласно општество, тие што се вакцинирани и тие што не се.

Двете опозициски социјалдемократски партии во земјата гласаа против законот и најавија поднесување тужба до Уставниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.