Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за време на турнејата на Блискиот исток, вети дека Вашингтон ќе собере поддршка за реконструкција на Газа, како дел од напорите за интензивирање на примирјето меѓу исламистички Хамас и Израел.

Блинкен, сепак, јасно стави до знаење дека САД сакаат да обезбедат Хамас, за кого сметаат дека е терористичка организација, да нема корист од хуманитарна помош.

Блинкен почна со регионална турнеја во Ерусалим, каде што разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се закани со многу моќен одговор доколку Хамас продолжи со прекуграничните ракетни напади.

Предвидено е Блинкен, подоцна во текот на денот да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен брег, а потоа да ги посети Каиро и Аман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.