Хеликоптер „Блек хоук“ (Црн јастреб), се урна на Филипините за време на ноќна обука, при што загинале сите шест лица кои се наоѓале во леталото, соопштија локалните власти.

Потрагата почнала кога хеликоптерот „Ѕ70i“ доцнел со пријавувањето во воздухопловната база во градот Капас во провинцијата Тарлак, 92 километри северно од главниот град Манила.

Тројца пилоти и тројца припадници на вијацијата загинаа во несреќата која се случи синоќа. Целата флота на „Блек хоук“ е приземјена додека се спроведува истрагата за инцидентот – изјави министерот за одбрана Делфин Лорензана.

Портпаролот на авијацијата, Мејнард Маријано, истакна дека ноќната обука била спроведена пред „Блек хоук“ да биде целосно распореден во неговата мисија.

Хеликоптерот беше дел од 16 такви летала купени од полскиот производител „Polskie Zaklady Lotnicze“ според договорот склучен во 2019 година, во вредност од 241,46 милиони долари.

Тој беше меѓу шесте единици испорачани во ноември минатата година. Уште пет беа доставени овој месец, а останатите треба да се испорачаат пред крајот на годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.