Американскиот конгресмен, Дејвид Цицилин, имаше бизарна незгода за време на расправата во Претставничкиот дом на Конгресот за отповикување на Доналд Трамп.

Демократот Цицилин, за време на заседанието кивна, при што што ја симна заштитната маска. Тој седеше веднаш зад претставникот кој зборуваше во тоа време, па камерите го снимија неговиот потег.

Таа постапка веднаш наиде на осуда на корисниците на социјалните мрежи, кои сметаат дека тоа претставувало сериозно загрозување на здравјето на присутните на расправата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.