Во Германија 22 луѓе ќе треба повторно да се вакцинираат затоа што наместо вакцината на „Бионтек-Фајзер“, тие примиле само инфузиски раствор на натриумхлорид.

Една медицинска сестра ги вакцинирала со натриумхлорид наместо вакцина, што се докажало со соодветна анализа на антитела, објави радиото „Норддојче рундфунк“.

Истрагата е спроведена откога медицинска сестра од центарот за вакцинација во Шортенс признала дека наполнила шест шприца со натриумхлорид наместо со вакцина.

Таа објаснила дека при подготовката ѝ паднало и ѝ се скршило едно шише вакцина, што сакала да го забошоти. Повеќе од 100 луѓе биле подложени на анализа на антитела за да се утврди кој не добил вакцина.

Претходно, лажни вакцини примиле луѓе во Италија, Мексико, Полска. Во овие земји имаше случаи каде им бил даден друг раствор, кој нема да предизвика проблеми, а сепак не се работи за вакцина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.