Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон (75), е хоспитализиран на интензивна нега во медицинскиот центар Ирвин на Универзитетот во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила и во неговиот крвоток, јавува Си-ен-ен.

Лекарите информираат дека тој останува на болничко лекување со цел внимателно следење на неговата состојба. Според информациите, Клинтон е сместен на интензивна нега поради приватноста и безбедноста, а не поради тоа што му е потребна таква нега.

По дводневно болничко лекување тој се чувствува добро и добро реагиран на терапијата, велат лекарите од болницата и додаваат дека наскоро очекуваат Клинтон да биде пуштен на домашно лекување.

Како што јавува Си-ен-ен, здравствената состојба на Клинтон не е поврзана ниту со неговите претходни срцеви заболувања, ниту со ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.